Васко Ефтов: Заев вели животот ќе дошол во Струмица, а заборава дека 12 години е градоначалник на Струмица

Новинарот Васко Ефтов во вчерашното гостување во телевизијата Алфа истакна дека Бугарија постојано се фали оти во Македонија имаат 70 до 100 илјади пасоши или лични карти, но дека во Макенија нема ниту една бугарска партија.

-Вие имате две или три српски партии во Република Македонија, имате три или четири албански партии, имате три или четири ромски партии, но немате ниту една бугарска партија. Логично е да си го поставувате прашањето „Зошто нема бугарска партија во Република Македонија ако имате толку Македонци кои имаат бугарски пасоши?“, бидејќи Бугарите нас не убедуваат дека во Македонија живеат милион и пол Бугари, односно дека сите Македонци се Бугари, вели Ефтов.

осочи дека токму тука може да се види суштината на Тиранската платформа и договорот за добрососедство со Бугарија.

-И вие коа ќе видите дека Тиранската платформа и договорот со Софија ви се спојат во една точка, а тоа е да се изгуби ексклузивитетот да ги нема Македонците или да се изгуби ексклузивитетот на Македонците во рамките на Република Македонија. Ние бегајќи од Грција всушност влеговме во таа вертикала Софија – Тирана. Ако Грција е опасна во однос на иднината на Република Македонија, Тирана и Софија можат многу повеќе, потенцира Ефтов.

Според него, се она што е почнато од премирот Зоран Заев, всушност не е завршени.

-„Монструм“ е така почнат – незавршен, договорот за двојазичност е почнат – недозавршен, договорот со Бугарија почнато – недозавршено. Зоран Заев завршува само една работа – одлично се согласува со Вице Заев, рече Ефтов.

Посочи дека Заев се обидува другите работи да ги одолговлекува на еден, како што рече, хаваритен начин. Односно, да почне се она што ветил, но да не го заврши, да има притисок од страна и на крајот да биде среќен, како што вели, ако може да направи широка Влада каде што ќе може да ја дефокусира одговорноста.

-СДСМ иако е 4 месеци на власта нели имаме една апсурдна ситуација каде што Зоран Заев вели на митингот во Струмица- животот ќе дојде во Струмица, притоа заборавајќи дека он е 12 години градоначалник во Струмица, смета Ефтов.

маркетинг


Select
Ознаки: ,