Босилово го чисти сливот на река Струмица

reka-strumica-500x320

Општина Босилово го чисти сливот на реката Струмица која тече низ нејзиното подрачје. Екипите на комуналното претпријатие работат на отстранување на наносите на потегот од мостот во влезот во Босилово до мостот во селото Дабиле.

– Нашиот регион, нашата котлина во минатото беше подложна на поплави од поголеми размери. Имавме доста активности на тој план и ние како локални самоуправи, но и државните институции и министерствата, како и меѓународните институции. Во моментов работиме на делот на реката Струмица кај мостот во влезот во Босилово. Претходно тука беше извршено молчарење, односно отстранување на вегетацијата. Ова е делница од 2.000 метри – објасни градоначалникот на Босилово, Љупчо Kолев.

Според него, молчарење ќе има и од мостот на населеното место Дабиле кон мостот на реката Сушево во должина од 8.800 метри.

– Потоа следува интервенција со молчарење од влезот на мостот на влезот на Босилово до мостот кај Смоларе. Овие активности се координирани меѓу општините и Центарот за управување со кризите и Водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање и Швајцарската агенција за развој – додаде Kолев.

Локалните самоуправи од струмичкиот регион, во консултација со Швајцарската агенција за развој, работат на посочување и детектирање на критичните точки кои треба да бидат отстранети за да се намалат ризиците од поплави.

ИЗВОР : ДНЕВНИК

маркетинг


Select