Без Браун на Струмица

Со оглед на краткиот временски рок, кумановци не успеаја да ги комплетираат документите за добивање на потребниот сертификат, па ќе мораат да играат без негова помош.

Јонел Браун нема да заигра на вечерашниот дуелот во кој неговиот нов клуб Куманово го пречекува составот на Струмица. Плејмејкерот кој дојде во Македонија за да игра за екипата на Куманово, ќе мора да почека уште некој ден пред да го реализира својот прв настап во новата играчка средина.

Причината е што раководството на „сино-белите“ не успеа во обидот да стигнат навреме и да ги соберат сите потребни документи за издавање на потребната играчка лиценца од страна на федерацијата.

„Временската разлика со САД е основната работа поради која не успеавме да го добиеме тој неопходен документ. Па затоа на оваа средба одиме без Јонел Браун, но затоа пак ќе го имаме за онаа наредната кога во Куманово доаѓа екипата на Работнички“ – потврдуваат од клубот.
Браун треба да е каква-таква замена за Александар Костоски на првата плејмејкерска пиозиција, кој пред десетина дена направи трансфер во романскиот прволигаш Питешти.

маркетинг


Select