Академија Пандев закажа контролни натпревари во зимските подготовки

Како што пренесува официјалниот веб сајт на ФК Академија Пандев…

Сениорскиот тим на ФК Академија Пандев својата прозивка ја има закажано за 11 јануари. Потоа следува 17 дневен период во кој тимот ќе се подготвува со двојна програма на тренинзи во Струмица.

Интересно е тоа што за прв пат сениорскиот тим своите базични подготовки од 29 јануари до 13 февруари ќе ги реализира во Анталија (Турција). Базата ќе биде хотелскиот комплекс Grand Park Lara – Antalya.

Стручниот штаб веќе ги има закажано и пријателските натпревари кои ќе бидат 8 на број, а истите ќе бидат со следниот распоред:

На 19-ти јануари Академија Пандев ќе одигра контролен натпревар со ФК Вардар во Скопје, на 25-ти јануари противник ќе биде ФК Хоризонт, на 1-ви февруари најверојатно ќе се одигра натпревар против ФК Босанска Крупа – Босна и Херцеговина, на 4-ти февруари е закажан натпревар со ФК Вождовац – Србија.

На 7-ми и 10-ти се преговара со противници кои исто така ќе бидат на подготовки во Анталија, на 12-ти февруари тимот ќе има контролка со ФК Карпати – Лвов од Украина, по враќањето во Македонија на 16-ти февруари е закажан и натпреварот со ФК Царско Село од Бугарија.

Што се однесува до играчкиот кадар од тимот заминаа: Петковски Филип и Симјановски Мирко, во ФК Хоризонт на позајмица ќе бидат младите играчи : Михаилов Филип, Курт Реџеп и Дончев Глигор, а единствени два играчи кои пристигнаа се: Иванов Христијан и Атанаскоски Давид.

маркетинг


Select